Во Ешален од 5 до 7 јуни 2026 година ќе се одржи манифестацијата „Три дена македонски ден“, настан посветен на македонската традиција, култура, музика, храна и филм.
Програмата започнува во петок, 5 јуни, со бар и кујна, како и латино музика со Јасмин Лопез – струмичанка со кубанско потекло, која ќе донесе спој на македонско срце и кубански ритам.
Во сабота, 6 јуни, посетителите ќе имаат можност да уживаат во културно-забавна програма, презентација на вина од четири винари од Македонија, презентација на традиционална македонска кујна, како и настапи на културно-уметнички друштва.
Последниот ден, недела 7 јуни, е резервиран за филмски фестивал во кино салата Ешален, каде ќе биде прикажан филмот „Охридски Лудории“. Во рамки на програмата ќе има и кино бар, резиме од настанот и официјално затворање на фестивалот 2026.
Организаторите порачуваат дека целта е заеднички да се слават традицијата, виното, храната, музиката, филмот и македонскиот дух.


Leave a Reply