Делчево: Гоцевски на работилница со градоначалници за одржливи урбани мобилни планови

Делчево, 5 јуни 2026 (МИА) – Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, учествуваше на работилница посветена на урбаната мобилност и инфраструктурниот развој, на која присуствуваа градоначалници од општините во државата, претставници на централната власт и меѓународни институции.

На работилницата, покрај претседателот на ЗЕЛС, Орце Георгиевски, присуствувале и министерот за транспорт Александар Николоски, претставници на Министерството за локална самоуправа, Министерството за внатрешни работи, како и претставници на Светска банка.

Како што информираше Гоцевски, средбата била можност за размена на искуства поврзани со реализацијата на инфраструктурни проекти во општините, но и за разгледување на можностите за имплементација на современи решенија во областа на урбаната мобилност.

– Беа презентирани позитивни примери од повеќе општини, како и визии за развој на одржливи урбани мобилни планови кои треба да придонесат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и поефикасно функционирање на локалните заедници – истакна Гоцевски.

Тој нагласи дека Општина Делчево продолжува да ги следи современите трендови во развојот на инфраструктурата и мобилноста, со фокус на создавање подобри услови за движење и пристапност за сите граѓани.

Од локалната самоуправа посочуваат дека во наредниот период ќе се работи на понатамошно унапредување на практиките и проектите кои се однесуваат на одржлива урбана мобилност и современи инфраструктурни решенија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*