Нова опрема за НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево за унапредување на културните содржини

По долг период, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево доби нова техничка опрема, која ќе придонесе за подобрување на условите за работа и поквалитетна реализација на програмските активности.

Во рамки на проектот набавени се персонални компјутери, лаптопи, како и проектори со платна, современа опрема што ќе овозможи поефикасно функционирање на установата и нејзините организациски единици.

Поддршката за набавката е обезбедена преку Министерството за култура и туризам, а со новите ресурси ќе се подобрат условите за работа не само во Центарот за култура, туку и во Спомен-домот на Разловечкото востание во село Разловци.

Од установата истакнуваат дека модернизацијата на техничката опременост ќе придонесе за подобра организација на програмските содржини, поефикасно спроведување на административните и културните активности, како и поквалитетна презентација на настаните пред публиката.

Инвестицијата претставува значаен чекор кон осовременување на условите за работа во една од најзначајните културни институции во регионот, со што се создаваат предуслови за збогатување на културниот живот во Делчево и пошироко.

Од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон развој и модернизација на своите капацитети, со цел на граѓаните да им понудат уште поквалитетни културни содржини и подобро искуство при посетата на културните настани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*