Солистите на НВО „Тернипе МК“ од Делчево, Јована Костадиновска и Мартин Стоименов, успешно ја претставија Македонија на Меѓународниот фестивал „Шарено цвете“, кој се одржа на 6 јуни во Благоевград, Република Бугарија.
Двајцата млади танчери настапија со кореографијата „Балкански танц“, изведба која, според организаторите и присутната публика, се одликува со динамика, уметничка изразност, брзина, издржливост и високо ниво на техничка подготвеност. Кореографијата е дело на Зенил Стручни, а од здружението посочуваат дека зад секој настап стојат дисциплина, посветеност и бескомпромисни стандарди во работата.
Од НВО „Тернипе МК“, предводена од претседателката Ермина Реџепова, упатија благодарност до организаторите – Центарот за личностен и творечки развој на децата од Благоевград – за поканата, гостопримството и одличната организација на фестивалот.
„Совршена организација, сончево време, добро расположение и секако, одличен настап. Браво за Јована и Мартин, горди сме на нив“, порачаа од здружението.
Настапот на младите уметници од Делчево беше награден со силен аплауз од публиката, уште еднаш потврдувајќи го нивниот талент и успешната промоција на македонската фолклорна традиција на меѓународната сцена.

Leave a Reply