Дерби на Истокот: Брегалница од Делчево гостува кај Малеш во Берово

Фудбалско ривалство со долга традиција и меѓусебно почитување – во недела на градскиот стадион во Берово се очекува дуел исполнет со емоции и навивачка атмосфера.

Делчево, 15 октомври 2026 (Делчево365) – Фудбалерите на Брегалница од Делчево в недела, на 18 октомври, ги очекува гостување во Берово, каде што ќе се соочат со екипата на Малеш во дуел што традиционално привлекува внимание кај љубителите на фудбалот од регионот.

Натпреварот, кој навивачите го доживуваат како едно од најголемите регионални дербија, ќе се одигра на градскиот стадион во Берово со почеток во 15 часот.

Ривалството меѓу двата клуба е проследено со силни емоции на теренот, но и со почит меѓу фудбалските средини од Берово и Делчево. За гостите од Делчево ова ќе биде можност да се претстават во вистинско светло пред беровската публика, додека домашниот Малеш ќе ја има поддршката од своите навивачи.

Од таборот на Брегалница упатуваат повик до навивачите да им дадат поддршка на фудбалерите на гостувањето. За заинтересираните е организиран и бесплатен превоз од страна на „МУЦИ ТРАНС“, со поаѓање во 14:15 часот од паркингот кај АСНОМ во Делчево.

Фудбалското дерби меѓу Малеш и Брегалница е закажано за недела во 15 часот на градскиот стадион во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*