В четврток книжевен портрет на авторката Габриела Костадинова во рамки на „Вапцарови бранувања 2026“

Во рамки на манифестацијата „Вапцарови бранувања 2026“, НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево организира книжевен портрет на авторката Габриела Костадинова.

Книжевната средба ќе се одржи утре, 5 ноември 2026 година, со почеток во 17:30 часот, во Мултифункционалниот центар „АСНОМ“ во Делчево.

Настанот е посветен на книжевното творештво на Габриела Костадинова и претставува можност публиката поблиску да се запознае со нејзината авторска работа и книжевниот израз.

Со оваа програмска содржина продолжуваат активностите во рамки на „Вапцарови бранувања 2026“, манифестација преку која НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево го афирмира книжевното творештво и ја поттикнува културната размена и интересот за литературата.

Книжевниот портрет е отворен за сите љубители на пишаниот збор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*