Јован Пармачки и Бојана Јовевска од ППК „Еклектик“ – Берово, од 12 до 15 ноември ќе настапат на Европското првенство за играчи до 13 години, под водство на тренерот Јован Ковачовски.
Големо признание за Берово и уште една потврда дека и во малите градови се создаваат големи спортски таленти. Двајца млади пингпонгари од ППК „Еклектик“ – Берово, Јован Пармачки и Бојана Јовевска, ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во пинг-понг за играчи до 13 години, кое од 12 до 15 ноември ќе се одржи во Турција.
Особено значајно е што младите беровчани ќе бидат дел од македонската репрезентација, а со нив ќе биде и нивниот тренер Јован Ковачовски, кој на првенството ќе ја има улогата на тренер на македонската пингпонгарска репрезентација.
Настапот на Јован и Бојана на едно вакво меѓународно натпреварување е успех не само за клубот и младите спортисти, туку и за Берово, кое уште еднаш покажува дека може да создава и да испраќа таленти на европската спортска сцена.
Двајцата заедно со нивниот тренер денес имаа прием во кабинетот на градоначалникот на Берово, Петар Ружински.
Од клубот упатуваат благодарност до сите чинители кои придонеле за развојот на овие двајца млади таленти, посакувајќи им успешен настап и достојно претставување на боите на македонското знаме.
Среќно Јован и Бојана! Со гордост за Берово и Македонија! 🇲🇰🏓


Leave a Reply