Од 1 јануари 2019 зголемување на цената на водата за 3 денари!

Водата за пиење во Делчево од 1 јануари 2019 ќе биде поскапа за 3 денари. Цената на водата се зголемува согласно пресметките на регулаторната комисија за енергетика, а по претходно изготвениот бизнис план за прилагодување на тарифниот модел на претпријатието за периодот 2019-2021 година. Одлуката за поскапување на водата пред делчевските советници ја образложи директорот на ЈПКД „Брегалница“ Стојче Стојковски.
 
-Иако од страна на регулаторната комисија беше утврдена цена која предвидуваше зголемувањето во делот на водоснабдувањето да изнесува 5,6 денари по метар кубен, по прифатената забелешка од страна на градоначалникот Горан Трајковски, РКЕ прифати цената на водата да биде зголемена за не повеќе од 3 денари. Одлуката затоа денес се најде пред советниците, а до колку Советот не ја донесе одлуката за зголемување на цената на водата, согласно законот тоа ќе го стори регулаторната комисија за енергетика со што во тој случај водата би била зголемена за 6 денари, истакна Стојковски.
 
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека при определувањето на цените. РКЕ е обврзана со закон трошокот за вода да не надминува повеќе од три отсто од вкупните трошоци што ги има едно домаќинство.
 
Освен цената на водата која од сегашните 26 денари се зголемува на 29 денари по метар кубен, за 2,8 денари ќе се зголеми и цената на отпадните води кои од сегашната цена од 8 денари се покачува на 10,8 денари. Со новата цена која што информираа од претпријатието сметките за потрошена количина на кубни метри вода во едно домаќинство во просек ќе бидат повисоки за околу 50 денари.
 
За ова денес се разговараше на 16 седница на делчевскиот совет. Еве дел од дискусијата!

Од денешната дискусија во врска со покачувањето на цената на водата која од 1 јануари ќе биде повисока за 3 денари!

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, December 11, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*