Советот на општина Делчево го усвои планот за развој за 2019 година

Советот на општина Делчево го усвои планот и програмата за развој на општина Делчево во 2019 година, како и кварталниот извештај за работата на општината за периодот до 30 септември 2018. Како што истакна Звонко Атанасов, раководител на одделението за урбанизам, согласно планот за развој за 2019 година, со средства од буџетот на општината, во наредната година е предвидена изградба на неколку нови улици во Делчево.
 
-Планот и програмата за развој на општина Делчево во наредната година предвидува изградба на улици „3“ и „4“ во централното градско подрачје, односно од детската градинка до пешачкиот мост во изградба и новиот пазар. Согласно со планот и програмата за развој, со средства во висина од 6 милиони и 100 илјади денари се предвидува изградба на улици во должина од 510 метри. Средствата ќе се обезбедат од буџетот на општината, истакна Атанасов.
 
Советниците го усвоија и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот за 2018 година за периодот од 1 јануари до 30 септември 2018. Во своето излагање раководителот на одделението за финансии Анка Христова, образложи дека извршувањето на буџетот на Општина Делчево за третиот квартал изнесува 60 проценти, односно, од вкупно планираните приходи во висина од 282 милиони и 925 илјади денари, за третиот квартал се реализирани 169 милиони и 735 илјади денари. Од нив, во основниот буџет, од планирани 103 милиони и 119 илјади денари, а се реализирани 50 милиони и 683 илјади денари или вкупно 49 проценти.
 
Во рамки на 16 седница на делчевскиот совет, се усвои и одлуката за давање на трајно користење на водоснабдителни и канализациони системи на јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“, а советниците ги донесоа и програмите за реализација на ученички екскурзии од основните училишта, годишниот извештај за реализираните активности на општинскиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата, како и повеќе одлуки од областа на урбанизмот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*