Започна новогодишното украсување на Делчево

Екипи на Јавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ од Делчево започнаа со активностите за новогодишно украсување на градот. За таа цел како што информираат од претпријатието ќе бидат поставени различни видови на новогодишни светилки кои ќе бидат поставени во делот на централното градско подрачје, градскиот парк и булеварите.
 
-За потребите на новите новогодишни украси се поставуваат нови метални сталажи, а ќе се украсува централното градско подрачје, градскиот парк и булеварите. Украсувањето треба да заврши наредните денови со што Делчево ќе го добие очекуваниот новогодишен шмек. За разлика од минатите години Делчево ќе биде украсено по теркот на поголемите градови во државава, велат од ЈПКД „Брегалница“.
 
Од општина Делчево информираат дека годинава освен старите светлечки ефекти, набавени се и нови кои ќе ја надополнат новогодишната приказна и градот ќе биде подготвен под напливот на туристи од соседна Република Бугарија кои за дочек на Нова година веќе резервираа половина од капацитетите во угостителските објекти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*