Новогодишни активности во градинката „Весели цветови“

Започна празничната новогодишна еуфорија во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево. Со цел повесел дочек на Новата година, во градинката е изработена новогодишна соба во чие уредување како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, учествувале сите вработени во установата.
 
-За изработка на новгодишната соба употребени се материјали кои ги наоѓаме во секојдневието, со што сакавме на нашите родители и на нашите дечиња да им доловиме едно весело новогодишно катче во кое тие ќе можат да уживаат, да другаруваат и да пеат песнички. Всушност, такви ќе бидат и честитките од нашите дечиња за време на Новогодишните и Божикните празници, бидејки оваа соба е направена токму за таа цел, да ги поздравиме нашите родители и нашата заедница со еден убав и прекрасен амбиент, истакна Симовска.
 
За Новата година градинката ја подготвува и завршна новогодишна приредба.
 
-Како и секоја година во соработка со воспитувачките и дечињата подготвуваме завршен новогодишен настан кој годинава ќе се одржи на сцена во прекрасната сала на деветолетката Ванчо Прке. Овојпат подготвуваме нешто ново и затоа ги покануваме сите родители да дојдат и да ја погледнат приредбата, дополни Симовска.
 
Терминот за одржување на завршната новогодишна приредба е 27 декември со почеток во 17 часот.
 
Годинава како и минатите години за одбележувањето на Новогодишните празници општината на чело со градоначалникот Горан Трајковски ќе обезбеди новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои престојуваат во воспитно-образовната установа.

Новогодишни активности во ОЈУДГ „Весели цветови“

Новогодишни активности во ОЈУДГ „Весели цветови“

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, December 19, 2018

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*