Црковниот старешина Александар Васев доби чин протоереј

На последно одржаната Света Архиерејска Литургија по повод „Воведение на Пресвета Богородица“ – Пречиста која на 4 декември се одржа во храмот посветен на „Успението на Пресвета Богородица“, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го произведе во протоерејски чин, свештеникот Александар Васев, старешина на храмот.
 
Протоереј (со значење првосвештеник) е немонашки почесен свештенички чин, еквивалентен на монашкиот чин игумен.
 
Протоереите имаат право да носат и надбедреник, покрај епитрахилот, фелонот и појасот.
 
Постои уште еден почесен чин – протоереј ставрофор – односно протоереј со право на носење на граден крст. Во руската традиција постои и посебен протоерејски чин – митрофор, односно протоереј со право на носење митра.
 
Ова одликување најчесто го добиваат искусните свештеници, кои подолго време одговорно и на корист на верните се носат со нивната свештеничка служба.
 
Еве како изгледаше чинот на прогласување на старешината Александар Васев во чин протоереј.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*