-Нашето училиште е во втората фаза од проектот „Учење и запознавање преку заедничко учење во современи услови“. Проектот е финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија и има за цел да ги приближи двата етникума кои живеат во нашата општина и воедно заедно учат во во нашето училиште, тоа е македонскиот и ромскиот етникум. Овој проект исто така има за цел да овозможи современи услови за сите ученици во нашето училиште. Преку него ќе биде реновиран еден дел од училиштето, односно една просторија која досега беше обичен магацин. Ќе направиме мала медијатека во која што ќе имаме современи услови за настава како смарт табла, компјутери, интернет, исто така ќе набавиме мултифункционелемн уред во кој што учениците ќе скенираат, копираат и да ги печатат своите трудови кои што ги прават за време на часовите како проекти, а во исто време за заедничко дружење на учениците ќе биде ставен еден аудио сет во самиот ходник во училиштето, каде учениците заеднички ќе слушаат музика и да прават топ листа од своите омилени песни. Во претходниот период започнавме со уредување на и реновирање на просторот во училиштето, а во рамки на втората фаза од проектот тек е процедурата за набавка на сета онаа опрема која што треба да биде во медијатеката. Да кажам и тоа дека на самиот почеток на реализирањето на проектот од FOOM ( Фондација Отворено Општество), беше презентирана сета постапна активност во неговите фази на реализација пред Советот на Родители, Училишната заедница и наставничкиот совет во првото полугодие од учебната 20018/2019 година, со што од страна на родителите и наставнот кадар како и од самите ученици добивме целосна подршка, истакна Атанасовски.

Втора фаза од проектот за приближување на учениците од македонскиот и ромскиот етникум во ООУ „Ванчо Прке“!
Posted by delcevo365.mk on Wednesday, January 30, 2019
Leave a Reply