Дваесетина љубители на постарата генерација возила од марката фолксваген, денес на Голак го реализираа првиот олдтајмер кампинг. Иницијативата е на делчевецот Лоренцо Трајановски кој заедно со останатите сопственици на олдтајмери ги започнаа активностите за формирање олд-тајмер кампинг клуб кој ќе биде прв од ваков вид во Делчево.
-На овој камп учествуваме сопственици на комбиња од марката фолксваген со идејата тоа да прерасне во традиција. Во Делчево вакви возила има околу десетина и мислиме дека не има доволно во иднина да формираме олдтајмер кампинг клуб. Исто така ќе бараме поддршка од општината да направиме кампинг парк, да го промовираме на некои интернет страни кои на запад функционираат одлично. Со тек на времето нашиот авто кампинг клуб се надеваме дека ќе почне да функционира според сите прописи, вели Трајановски.
Трајановски кој е претседател на здружението „Kings of the roads“ наскоро ја започнува организацијата за четвртата изложба на олдтајмери која годинава ќе се одржи напролет.
-За четвртата изложба на олдтајмери освен од Македонија имаме веќе покането гости од Бугарија, Србија, Словенија и Хрватска. Минатата година бидејки настанот беше добро промовиран имаше огромен интерес од учесниците, што ни дава за право да се надеваме дека и годинава ќе биде така, додава Трајановски.
Трајановски е еден од ретките кој има сопствен возен парк од петнаесетина олдатјмери кои редовно се дел од изложбата на олдтајмери во Делчево.
Прв кампинг на олдтајмери -Т3, на Голак
Posted by delcevo365.mk on Sunday, February 3, 2019
Прв олд-тајмер кампинг на Голак!
Posted by delcevo365.mk on Sunday, February 3, 2019
Leave a Reply