Нашите познати личности – Маја Витановска!

Маја Витановска е еден од најпознатите спортисти од Делчево која е родена 1980 година. Основно училиште завршува во родното Делчево, додека гимназија во Скопје.

Маја Витановска почнува да се занимава со кик бокс кон крајот на 1994 година во Делчево во клубот „Јун Фан“. Потоа, во 1995 година кариерата ја продолжува во „Шао Лин“ од Скопје. Парелелно тренира и бокс во БК Кисела Вода.
 
Витановска е двократен државен првак на Македонија во семиконтакт и фулконтакт; светски првак во лоу кик и фулконтакт на Свеското превенство во Милано, Италија, 1997 година во категоријата до 51 кг, 1998 година во Данска е светски првак во лајт контакт до 55 кг.

Витановска во моментот живее во Англија, има два сина и повеќе од 17 години е успешно интегрирана во Лондон.

Витановска на прием во кабинетот на покојниот претседател Киро Глигоров
Признанието кое Маја Витановска го доби во Италија

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*