„Младинска картичка“ – зголемување на можностите на младите и во Делчево

Да се зачува и од онака скромниот буџет, но и да се купат производи кои им се потребни на младите по пониски цени. Ова се очекувањата на младите од Делчево од имплементацијата на новиот проект „Младинска картичка“, кој наскоро стартува како дел од иницијативата на Агенцијата за млади и спорт.
 
Ученикот Џастин Мемедов вели дека дека реализирањето на проектот ќе биде од полза за скромниот буџет на младите.
 
-Мислам дека тоа е одлична шанса да зачуваме некој денар, бидејки нашите родители не се секогаш во можност да ни го овоможат она што ќе ни биде потребно, истакна Мемедов
 
На слично мислење е и младиот Иван Милев од Делчево.
 
-Делчево е град на текстилот и со овие картички ќе може да дојде до намалување на цените, што ќе биде од голема корист за тинејџерите, вели Милев.
 
Со проектот „Младинска картичка“, ќе бидат опфатени млади лица од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите, информира Даниела Такева од ЕЛС Делчево.
 
-Општина Делчево упатува апел до сите правни субјекти да се приклучат во проектот, преку своја понуда на попусти за младите и да придонесат во крајната цел на овој проект, а тоа е подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво, информира Такева.
 
Од општината ги охрабруваат правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето алатка од која најголем бенефит ќе имаат младите луѓе.
 
Младинската картичка според првичните замисли на Агенцијата за млади и спорт ќе овозможи директен контакт на компаниите со младите и претставува можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи помеѓу оваа категоријата млади од 15 до 29 години.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*