Хуманоста продолжува: Семејството Мирчовски од Русиново го гради новиот дом

Со помошта на хуманите граѓани продолжува интензивната изградба на новата куќа на 12 членото семејство Мирчовски од Русиново која пред 10 дена целосно изгоре во пожар. Александар Мирчовски сакајки буквално да им се заблагодари на сите хумани граѓани, кои помогнаа неговото семејство да се издигне над пепелта, ни достави нови фотографии од текот на изградбата на нивниот нов дом.

Мустафа Алиловски, сопственик на фирмата FerTechnic GmbH од Швајцарија заедно со семејството Стоименовски и останатите вработени, семејството Воденски од Германија, Пакет Маркет, Тања Ботали со семејството и многу други хумани граѓани, се само дел од оние кои исто така се заслужни за огромната помош, а донации пристигнуваат од сите страни, како во парична и материјална помош за семејството, така и во прехранбени продукти за неуморните работници кои секојдневно неуморно работат семејството Мирчовски што поскоро да добие кров над глава.

Во текот на денешниот ден, како што не информираа од единицата на локалната самоуправа во Берово, доставена е и помош од компанијата Зегин, во облека за семејството и четирите малолетни дечиња. Од Зегин најавена е и парична помош за целосно покривање на тршоците за изградба на кровот на куќата.

Претходно, исто така волонтерите на Црвен крст успеаа да соберат над 100 илјади денари во акцијата ,,од куќа на куќа”, додека кутии за донации имаше и во кафе-баровите и угостителските објекти во градот.Помогнаа и локални фирми од Берово и Малешевијата, а со свои донации хуманост покажаа и градските татковци на Берово и Делчево. Мирчовски од срце им се заблагодаруваат на секој еден поединец кој на било каков начин помогнал, бргу да биде заборавено она што се случи пред 10 дена.

Девизна сметка на која и понатаму може да се донира

Aleksandar Mirchovski IBAN MK07240217011905027

Трансакциска сметка Александар Мирчовски 240217011905027 (УниБанка)

Трансакциска сметка 200002693474846 на име Александар Мирчовски (Стопанска Банка)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*