Граѓаните на Делчево и М.Каменица за Велигден совесно консумирале мрсна храна и алкохол

Граѓаните од Делчево и Македонска Каменица ги послушаа препораките на лекарите и не ги повторија грешките од минатото кога за Велигден поради случаи на прејаденост и претерана консумација на алкохол, амбулантите беа преполни. Како што информираше директорката на делчевскиот здравствен дом Мара Глигорова годинава речиси и да не е забележана посериозна интервенција од ваков карактер.
 
-Знаете дека Велигденскиот пост е многу подолг од другите постови и обично кога дојде празник малку повеќе се претерува, меѓутоа во Итната медицинска помош и во Делчево и во Македонска Каменица немаме некои драстични случаи со многу големи тегоби особено немаме случаи на претерување со алкохол. Ова особено не радува бидејки во последните години беше тренд да се претерува со алкохол, што за среќа годинава не е случај,  вели Глигорова.
 
Директорката на делчевскиот здравствен дом се надева дека таквата слика ќе продолжи и за првомајските празници.
-Очигледно е дека нашите граѓани ги послушале советите на лекарите, па и искуството од минатото ги води кон тоа да немаме претерана консумација на тешка храна, скара, кондиторски производи  и алкохол. Препорачувам до граѓаните, да продолжат со ова темпо со тоа што и првомајските празници ќе бидат мирни исто како што како беа и Велигденските празници, а сето тоа на задоволство на нашата Итната медицинска помош на самите граѓани и самите пациенти, додава Глигорова.
 
Од останатите интервенции за време на Велигденските празници во Итната медицинска служба во Македонска Каменица е интервенирано во полесна верижна сообраќајна несреќа во која за среќа нема жртви и повредени. 

Граѓаните на Делчево и М.Каменица совесно консумирале алкохол и мрсна хана за Велигден

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, April 30, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*