Во Делчево презентиран годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на ИПР

Во 2018 година општина Делчево во соработка со Центарот за развој на Источно-планскиот регион реализирала суштински проекти кои овозможуваат општината да се развива, а со тоа и граѓаните да добиваат подобри услови за живот со фокус на развој на туризмот. Давајки отчет за сработеното во изминатата година, ова денес пред делчевските советници го истакна Андреа Златковска од Центарот за развој на Источно-планскиот регион
 
-Проектите кои беа реализирани во општината во 2018 година се однесуваат на повеќе стратешки цели во програмата, а како позначајни вреди да се споменат проектите во насока на изградба и реконструкција на патната инфраструктура, понатаму во обезбедување на подобри услови во здравството, преку набавка на медицинска опрема во здравствените домови, како и проектот со кој креиравме една поширока туристичката регионална понуда во регионот Пијанец Малеш.
 
Најголем дел од реализираните проекти во делчевско како што додаде Златковска, се реализирани со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
 
-Се работи за проекти се однесуваат на обезбедување на одржлив развој и искористување на природните ресурси во регионот Пијанец-Малеш, како и проектот за мапирање и идентификација на природните вредности на старите вековни дрвја, исто така во регионот Пијанец-Малеш. Тоа се проекти преку општина Делчево доби поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка во насока на ставање поголем фокус на природните ресурси на туристичката мапа, дополни Златковска.
 
За првиот проект со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка биле обезбедени нешто над 2 милиони и 500 илјади денари, додека вториот проект кој исто така се реализира со поддршка на агенцијата е со буџет од дополнителни милион и двесте илјади денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*