Пионерите на РК „Делчево“ со победа над Металург обезбедуваат пласман на „фајнал-фор“ натпреварите

Пионерките на РК „Делчево“ со победа во недела над екипата на Металург обезбедуваат пласман на фајнал-фор натпреварите. Натпреварот се игра од 11 часот, а покрај добрата подготвеност на ракометарките ќе биде потребна и огромна помош од трибините. Звучното име на противникот ветува возбудлив и цврст натпревар со многу неизвесност и голема борба во која подобриот ќе обезбеди пласман на фајнал-фор натпреварите во пионерска конкуренција.

За таа цел денес направивме мини интервју со тренерот на делчевки Горан Велков, како и со дел од ракометарките, кои ги повикуваат сите љубители на спортот во недела до последно место да ја исполнат салата во гимназијата М.М.Брицо и да ја бодрат екипата во новиот поход кон највисок дострел.

Еве ги изјавите на Велков и ракометарката Магдалена Георгиевска.

СО ПОДДРШКА НА ПУБЛИКАТА ВО НЕДЕЛА ОД 11 ЧАСОТ, РК ДЕЛЧЕВО ОДИ НА ПОБЕДА И ПЛАСМАН ВО ФАЈНАЛ ФОР НАТПРЕВАРИТЕ

СО ПОДДРШКА НА ПУБЛИКАТА ВО НЕДЕЛА ОД 11 ЧАСОТ, РК ДЕЛЧЕВО ОДИ НА ПОБЕДА И ПЛАСМАН ВО ФАЈНАЛ ФОР НАТПРЕВАРИТЕ

Posted by delcevo365.mk on Thursday, May 2, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*