Деновиве во градот забележливи се активностите за разубавување на градското подрачје со нови цветни аранжмани особено на јавните површини во централното градско подрачје. Акцијата за засадување на пролетни цвеќиња и нивна декорација е дел од редовната работа на екипи од ЈПКД „Брегалница“ од Секторот за паркови и зеленило при што во рамки на годишната програма за работа на претпријатието, планирано е да се засадат околу 3.500 пролетни цвеќиња од видовите петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл., дел од овие цвеќиња се произвдени од сопствениот расадник на претпријатието.
Според информациите од Секторот за паркови и зеленило пролетни цвеќиња се засадуваат на јавните површини во парковите, пред Комерцијална банка, пред Стопанска банка, паркот во Ново Делчево, кај новата црква и пред општинската зграда.
Еве неколку фотографии од пролетната акција за разубавување на градското подрачје.
Leave a Reply