Формиран шаховски клуб „Каменица – Саса“

Во Македонска Каменица започна да функционира новиот Шаховски клуб „Каменица – Саса“. Како што информираше Лазо Стаменковски, претседател на ШК ,,Каменица – Саса” членовите на клубот за почеток ќе се натпреварува во младинските категории.
 
-Клубот има 49 членови сениори, 10 младинци, 8 пионери и 4 жени. Како регистриран клуб, ШК „Каменица САСА“ остварува право за натпреварување во тековната сезона на натпреварување, но поради недоволна подготвеност, оваа година клубот ќе се натпреварува во шаховското првенство во младински категории, вели Стаменковски.
 
Додава дека клубот е формиран и целосно поддржан од општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова и Рудник Саса, како општествено одговорна компанија од Македонска Каменица.
 
Натпреварувањата во домашното првенство и меѓународни турнири започнуваат од следната сезона. Од ШК „Македонска Каменица – Саса“ најавуваат дека во скора иднина ќе организираат силни домашни и меѓународни турнири.

Формиран Шаховски клуб „Каменица – Саса“

Формиран Шаховски клуб „Каменица – Саса“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, May 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*