Одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Во Делчево денес се одбележаа 74 години од победата над фашизмот и 9 Мај – Денот на Европа. По тој повод свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот положија делегација на општина Делчево, претставници на Советот на општина Делчево, политички партии, здружението на борци, Организацијата на резервни офицери и други организации и институции.

-Денешниот датум, 9-ти Мај, треба да послужи како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен. Против него треба да се бориме и денес, секојдневно бидејки антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето без оглед на нацијата, верата, расата и полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат, истакнаа во својот говор членовите на КУД ,,Гоце Делчев” кои прочитаа пригоден говор за денешниот значаен датум.

Во тешко извојуваната слобода, животите ги загубиле повеќе од 60 милиони луѓе од кои 24 илјади биле Македонци, а 153 делчевчани. На денешниот ден со потпишување на безусловна капитулација на Германија, и официјално беше ставен крај на Втората светска војна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*