Се зголемува бројот на крводарители кои дарувале крв 50 пати

Денешниот ден беше посебен за крводарителката Рајна Ристова од Делчево која по 50 -ти пат ја испружи раката и даруваше од животворната течност. Ристова учествуваше на редовната крводарителска акција за месец мај и им порача на оние кои никогаш не дарувале да пробаат барем еднаш да подарат од драгоцената течност.
 
-Со дарување крв започнав од поодамна и еве денес дарувам по 50-ти пат. Редовно учествувам на крводарителските акции и ќе им порачам на сите кои немаат почувствувано какво е чувството кога се дарува крв, да пробаат, бидејки нема да згрешат, истакна Ристова.
Во рамки на акцијата беа собрани 34 крвни единици, кои според Весна Јанева од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, се сосем солидна бројка за мал град како Делчево.
 
-Делчевчани како по традиција се одлични дарители со тоа што како и секогаш мажите се малку поактивни дарители од жените кои сепак денес исто така беа меѓу поактивните дарители. Имавме добар одзив, условите за работа беа одлични, така што се надеваме дека и во иднина хуманоста на делчевчани ќе продолжи, истакна Јанева.
 
Крводарителската акција ја организираше Општинската организација на Црвен крст Делчево, од каде кон почетокот на следниот месец најавија две крводарителски акции со крводарителите од Делчево и Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*