Сребрен медал за ракометарките на ООУ „Св.Климент Охридски“

Ракометарките од ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево го освоија сребрениот медал на штотутку завршеното Државно првенство во ракомет кое денес се одржа во Делчево.

На финалниот турнир учествува екипите на деветолетките „Сандо Масев“ од Струмица, „Јосип Броз – Тито“ од Струга, „Кочо Рацин“ од Прилеп, „Стив Наумов“ од Гази Баба и „Ристо Крле“ од Илинден, а првото место им припадна на ракометарките од Струга кои без пораза го завршија Државното првенство.

Тренерот на делчевки Александар Таушански е задоволен од резултатот кој го обели образот на општината како еден од позначајните успеси на деветолетката Св.Климент Охридски.

-Беше доста силна конкуренција, задоволни сме што сме втори во државата. фалеше многу малку да сме први, но ќе се потрудиме тоа да се случи наредната година, истакна Таушански.

Во продолжение останатите изјави од денешните завршни натпревари од Државното првенство во ракомет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*