Известување од организаторите на 4-тата улична трка

На 15ти Мај заврши електронското пријавување за овогодинешната трка. Организаторот ги известува сите оние кои имаат желба да учествуваат на една од трките, а не се пријавиле електронски, дека ќе можат на денот на трката т.е 24 Мај да учествуваат во трката со тоа што ќе подигнат само бројче за учество, и да земат учество во истата.

Сите пријавени натпреварувачи и оние кои ќе се пријават на денот на трката ќе треба да дадат симболично учество од 50 ден за деца до 18 год. и 100 денари за возрасни.

Сите електронски пријавени учесници ќе бидат дополнително известени за денот, времето и местото на подигање на стартните пакети.

Распоредот и почетокот на трките ќе бидат навремено објавени на страницата на Трка Делчево и електронските медиуми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*