Делчевската ТППЕ доби нова опрема

Како дел од одбележувањето на 20 Мај – Ден на пожарникарите, денес во Делчево беше презентирана новата опрема која Територијалната противпожарна единица од Делчево ја доби како подарок од Територијалната против пожарна бригадата на град Скопје. Ваквата опрема, како што информираше командирот на ТППЕ Делчево, Ванчо Постоловски, ќе ја олесни работата на делчевските пожарникари.

-Се работи за заштитна против пожарна опрема и опрема за дежурство која се состои од заштитни шлемови, огноотпорни чизми и други нагледни средства и истата ќе биде наменета пред се за заштита на пожарникарите при извршување на нивната работа. Огромна благодарност до градоначалникот и командантот на бригадата на Град Скопје на чија иницијатива беше отворен магацинот и ни ја доделија опремата, истакна Постоловски.

На свечениот коктел организиран по повод денешниот ден, градоначалникот Горан Трајковски упати голема благодарност до пожарникарите за нивната пожртвуваност во справувањето со пожари на отворен и затворен простор.

-Се гордеам со нашата противпожарна единица затоа што е една од најдобрите во целиот источен регион и пошироко, најмногу по нивната експедитивност, пожртвуваност и решителност за да делуваат во различни ситуации. Верувам дека со оваа опрема нашата Територијална противпожарна единица ќе биде подобро опремена со лична професионална опрема за да можат поефикасно да ја извршат својата работа, рече Трајковски.

Од страна на општина Делчево и годинава како поттик за понатамошно успешно извршување на работните задачи беше доделена решение за парична награда за најдобриот пожарникар, награда која годинава ја доби командирот Ванчо Постоловски.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*