Паркот пред споменикот на „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево доби нов лик. Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ со садење на над 1600 цвеќиња во боите на македонското знаме и знамето на Општина Делчево го облагородија паркот, доуредувајки ја јавната површина пред општина Делчево.
Освен цветни аранжмани со знамето на државата и на Општината, посеана е и нова трева, а поставени се и нови креативни држачи за цвеќиња изработени претходно од Јавното претпријатие.
Облагородувањето на просторот пред општинската зграда е финансирано од општина Делчево, а работите ги извршуваа работници од Секторот за паркови и зеленило при ЈПКД „Брегалница“.
Во пролетното разубавување на Делчево досега се посадени околу 4 илјади пролетни цвеќиња од видовите петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл., дел од овие цвеќиња се произвдени од сопствениот расадник на претпријатието.


Leave a Reply