Градежни активности за подобрување на патната инфраструктура во Берово

Со крпење на ударните дупки во централното градско подрачје, во општина Берово започнаа активностите за рехабилитација на патната инфраструктура во градот. Активностите, како што соопштија од општината, се одвиваат во рамките на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2019 година.
 
-Како дел од обврската на Одделението за комунални дејности и заштита на животна средина, во Берово се започна со крпење на ударни дупки на улиците и локалните патишта. Моментално се врши крпење на ударни дупки на улиците Борис Кидрич, Партизанска, Задарска, 11ти Октомври, Велко Влаховиќ,Неретва, Марксова, Локален пат ,,Абланица”, Ѓуро Ѓаковиќ , Маршал Тито и улица Илинденска, соопштија од општина Берово.
 
Во рамките на истата програма, предвидено е да се санира ригола на улицата Страшо Пинџур, а ќе се санираат и ударни дупки на влезот во село Русиново, на улици во село Митрашинци и во село Владимирово.
 
Од општината информираат дека во одреден дел од денот проади градежните активности на споменатите улици и места, можни се повремени краткотрајни прекини во сообраќајот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*