Во Македонија постојат 700 вида медицински и ароматични растенија, од кои традиционално се употребуваат 220 видови. Овие ресурси се одлична можност за заработка, но и претставуваат опасност од губење на билошката разновидност, бидејќи не растат во неограничени количини. Ова беше една од главните теми на разговор во рамки на обуките за одредување на количини за одржлива употреба на лековити растенија и диви бобинки, обуки кои од 28 до 30 Мај во Пехчево ги реализираше Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе.
Како што информираше, менаџерот на проектот, Анела Ставревска Панајотова, на овие обуки учесниците имаа можност практично да се запознаат со начинот на проценка на ресурсите на лековити ароматични рестенија и диви бобинки и принципите на одржливо користење.
-Во Македонија традиционално се употребуваат 220 вида медицински и ароматични растенија за кои во моментов има многу недостатоци во системот за нивно регулирање. Тоа е така бидејки, количините на растенија, кои се од економски интерес не се одредени. При влез во ЕУ, притисокот на Европската фармацевтска индустрија ќе претставува закана за биодиверзитетот во Република Северна Македонија, а единствениот начин како одржливо да се користат овие ресурси, е да знаеме со колкави количини располагаме, вели Ставревска Панајотова.

Најзагрозени ресурси од ваков вид, според професорот Јане Ацевски во моментот се мечкиното грозје и модрата смрека.
-Вториот вид претставува основа за обновување на шумите во Македонија, а целта со овој проект е да ја дознаеме реалната негова количина, без да се наруши бидоиверзитетот со што нема да мора да се плашиме дали овој вид ќе исчезне од територијата на Македонија, вели Ацевски.
Во рамки на обуките учествуваа претставници од сите заштитени подрачја, ЈПНШ и МЗШВ, при што се демонстрираа методологии за проценка на количините на видови кои се од економски интерес за локалното население, но и видови кои се во опасност од преискористување
Обуката се спроведува во рамките на проектот „Постигнување на зачувување набиолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и вклучување на биодиверзитетот во планирањето за управување со земјиштето“. Истиот е финансиран од ГЕФ и спроведуван од Програмата за животна средина на ОН (УНЕП), програмска канцеларија во Виена, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање
Leave a Reply