Над 5000 посетители на „Бабина Баница 2019“

Во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, со техничка поддршка на Културно информативниот центар ,,Романса” и оваа година на манастирскиот комплекс „Еленец“ во селото Цера во Македонска Каменица се одржа традиционалната манифестација „Бабина Баница 2019“. На настанот, како што информираше Горан Огнановски, директор на Културно информативниот центар „Романса“ присуствуваа над 5000 посетители како од Македонија, така и од соседна Р. Бугарија.
 
-Моментално кај манастирскиот комплекс ,,Еленец” се наоѓаат околу 5000 посетители, кои дојдоа да присуствуваат на овој традиционален настан, кој по 8 пат се одржува во селото Цера. Како дел од традицијата домаќинките се натпреваруваа во подготовка на баница под вршник, со организирана ревијална културна-уметничка програма на која настапија повеќе секции од Здруженија на пензионери. Годинава и покрај Здруженија на пензионери од Македонија, имаше пензионери и од Бугарија и од Србија што настанот и годинава имаше меѓународен предзнак, истакна Огнановски.
 
Рекордната посета на годинашнава „Бабина баница“ додава, е мотив плус за уште подобра организација во иднина.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која ја искористи приликата да им се заблагодари на Здружението пензионери од Македонска Каменица за прекрасната организација на манифестацијата. Со надеж дека и во иднина тие ќе бидат промотори на традицијата, обичаите и културните вредности на општина Македонска Каменица.

Особена радост ми претставува што во последните неколку години, манифестацијата добива и меѓународен карактер, со учеството на гости и претставници од Белица, Република Бугарија и Босилеград, Република Србија, – додаде во својата изјава, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Огромен бенефит од оддржувањето на настанот годинава имаше локалниот угостителски сектор, кој според првичните пресметки продаде повеќе од 4 илјади килограми прехранбени производи.
 
За најдобро приготвените баници општината и годинава обезбеди пригодни награди, а за сите присутни беше послужен и традиционалниот манастирски ручек.
Манифестацијата е потпомогната од општина Македонска Каменица, Советот на општината и градоначалникот Соња Стаменкова.

Еленец, с.Цера; ,,Бабина Баница 2019"

Posted by delcevo365.mk on Sunday, June 2, 2019

И оваа година во организација на Здружението на пензионери од М.Каменица, а со техничка поддршка на Културно…

Posted by delcevo365.mk on Sunday, June 2, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*