Ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ со завршен „фајнал-фор“ турнир во Делчево

Во Делчево денес се одигра завршниот фајнал-фор турнир, на кој учествуваа 120 млади ракометари кои се дел од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“. На завршниот турнир,како што информираше тренерот на екипата од Делчево, Влатко Димитровски, освен од Делчево учествуваа повеќе младински категории на ракометари од регионот Исток.
 
-Денес е празник на ракометот во Делчево, најмладите категории на ракометари од источниот регион кои тренираат како дел од ракометната академија на еден од најдобрите македонски ракометари Кирил Лазаров, денес дојдоа во Делчево и означија крај на сезоната со завршниот фајнал-фор турнир. Учествуваа отприлика околу 120 дечиња, од Делчево, Свети Николе и Чешиново-Облешево кои дадоа се од себе, да се претстават во најдобро светло, информира Димтировски.
 
Имајки предвид дека ова е прва сезона како се организират натпревари во рамки на академијата „Кирил Лазаров 7“, Димитровски подобар ракомет најави веќе од следната сезона.
 
„Брегалница плус“ е единствената екипа од источниот регион, која како дел од Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ во изминатата сезона се натпреваруваше во кадетската лига на Македонија, која се организира под капата на Ракометната федерација на Македонија.

Ракометната академија ,,КЛ7" со завршни натпревари во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Sunday, June 9, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*