Сребрен медал за кик-боксинг клуб „АС“ од Делчево од „Гран при трофеј – Цетиње 2019“

Кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево продолжува со успесите на Меѓународните натпревари во кик-бокс. На Меѓународниот гран при трофеј „Цетиње 2019“, младиот кик-боксер Павел Стојчевски освои сребрен медал во дисциплината кик-лајт во категоријата за помлади кадети под 37 килограми. На натпреварувањето учествуваше и неговиот тренер Љупчо Стојчевски, кој на турнирот настапи во својство на меѓународен судија.
 
-Кик-боксинг клубот „АС“ како дел од ова силно натпреварување кое се одржа во градот Цетиње се враќа со освоен сребрен медал. Во својата категорија за помлади кадети под 37 килограми, Павел Стојчевски во дисциплината кик-лајт го освои второто место, успех кој е од особено значење, бидејки конкуренцијата беше доста голема. Исто така од страна на организаторот добивме и благодарница за долгогодишната заедничка соработка, рече Стојчевски.
 
 
Додаде дека на овогодишниот турнир во Цетиње, кој го организираше кик-боксинг клубот „Ловќен“, се реализирале вкупно 40 борби на кои учествувале најдобрите кик-боксери од Црна Гора, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
 
Овој сребрен медал се надоврзува на претходно освоените медали кои кик-боксинг клубот од Делчево ги осови на Wakko Grand Prix 2019 во Сараево.  Веќе следната недела клубот од Делчево ќе учествува на Меѓународен натпревар во Белград, Србија

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*