Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ не очекува проблеми во водоснабдувањето во текот на летниот период во Делчево. Како што истакна директорот на претпријатието Стојче Стојковски, моменталните количини на вода се доволни за задоволување на потребите на граѓаните во летниот период.
-Нашите проценки се дека во текот на летниот период нема да имаме проблем со водоснабдувањето во општина Делчево. Моменталните количини во акумулација Лошана се доволни, но по потреба се вклучуваат и пумпите во Тработивиште и Делчево, се со цел за да има доволен притисок во повисоките зони на градот, вели Стојковски.

Тековно во текот на летото, како што додаде, претпријатието ќе се фокусира на одржување на постојните паркови површини, без тоа да се одрази на потрошувачката на вода на останатите граѓани.
-Како јавно претпријатие сме задолжени за наводнување поголеми паркови површини, кое што е и наша редовна активност, но тоа нема да прави проблем на водоснабдувањето. Исто така наши екипи постојано ќе бидат на терен и онаму каде има злоупотреби, во смисла на кражби на вода, соодветно ќе реагираме, додава Стојковски.
Меѓу позначајните активности за обезбедување чиста вода за пиење за граѓаните во текот на летниот период, од претпријатието ги истакнаа чистењето и дезинфекција на двата резервоари во градот Делчево, активности кои ќе продолжат и во наредниот период на резервоарите во останатите населени места со кои стопанисува јавното претпријатие.
Делчево со доволни количини вода за претстојниот летен период
Posted by delcevo365.mk on Thursday, June 13, 2019
Leave a Reply