Солиден интерес по првиот ден од уписите во делчевската гимназија

Солиден интерес од страна на идните средношколци за упис во делчевската гимназија по првиот ден од уписите во средните училишта. Како што информираше Лидија Таушанска, професор во Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“, учениците од Делчево, најмногу интерес по првиот ден од првиот уписен рок, пројавиле за општествено-хуманистичката насока.
 
-Уписите за оваа година започнаа навреме, во осум часот. Учениците се запишуваат во една од четирите струки меѓу кои, хемиско-технолошка, текстилна, прирдоно математичка и јазична струка. Тоа е она што како гимназија можеме да го понудиме на учениците кои ќе решат овде да го продолжат своето образование. Досега имаме запишано ученици во сите струки, а како и секоја година интересот е најголем за општествено-хуманистичката струка, истакна Таушанска.
Додава, дека точната бројка за тоа колку ученици се запишале во гимназијата во Делчево ќе се знае, по завршувањето на првиот уписен рок, во чии рамки учениците може да се запишуваат и во текот на утрешниот ден.
 
Ученичката Александра Попова, која оваа година заврши девето одделение, смета дека делчевската гимназија го поседува потребниот потенцијал, за средното образование да го продолжи во родниот град.
 
-Јас сум ученичка во деветто одделение и мислам дека средното образование да се продолжи овде е предизвик, бидејки гимназијата има добар наставен кадар, училиштето е квалитетно и мислам дека од овде можеме да постигнеме добри резултати, вели Попова.
По првиот уписен рок учениците ќе имаат уште две шанси да се запишат во гимназијата во родниот град, во рамки на вториот и третиот уписен рок. Основно образование во изминатата учебна година во Делчево завршија 135 ученици, од кои најголемиот дел се очекува да се запишаат во делчевската гимназија.

Солиден интерес за упис во делчевската гимназија по првиот ден од уписите за идните средношколци

Posted by delcevo365.mk on Monday, June 17, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*