Хуманите граѓани даруваа крв во Делчево

Откако пред две недели се спроведе крводарителска акција со припадниците на делчевската полиција, поради голема заинтересираност од страна на хуманите граѓани на тогашната акција, денес во организација на Црвен крст Делчево се одржа нова крводарителска акција на која крв даруваше граѓанството од регионот. Според информациите на Борис Панев од Институтот за трансфузиона медицина од Штип, денес вкупно 23 крводарители подарија од животворната течност.
-Во акцијата активни учесници беа сите генерации, подеднаков учинок имаа и помладите и постарите крводарители. Задоволни сме од бројката на крводарители кои даруваа крв. Негде пред завршувањето на крводарителската акција имаме регистрирано бројка од 25 крвни единици, што е солидна бројка, имајки предвид дека пред две недели, овде исто така беше реализирана крводарителска акција, истакна Панев.
 
Крводарителот Емил Десподов, денес по осми пат даруваше од драгоцената течност.
-Досега околу осум пати имам дарувано крв, во Делчево ми е втор пат, инаку имам дарувано претходно во Скопје. Убаво е чувството да се биде хуман и да се дарува крв и да се знае дека оваа крв ќе му биде потребна и на некој друг, не дај боже, вели Десподов.
 
Следната акција, како што соопштија од Црвен крст Делчево, поради летните одмори ќе се реализира во датум кој дополнително ќе и биде соопштен на јавноста.

Успешно реализирана крводарителска акција во Делчево

Успешно реализирана крводарителска акција во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Monday, June 17, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*