Стаменковски со два златни медали се враќа од Одеса, Украина

Пауерлифтерот Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, со два златни медали се враќа од Одеса, Украина каде викендов учествуваше на Меѓународното отворено првенство во пауерлифтинг. Златото Стаменковски го освои во дисциплината бенч и мулти бенч, а како што соопшти самиот, тој е прогласен и за најдобар мулти-бенчер.

-Сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа да се реализира ова мое патување на Меѓународниот турнир во Украина. Првите места ги освоив во категоријата за натпреварувачи до 75 килограми, каде бев најдобар во дисциплините Бенч и Мултибенч. Како резултат на овој успех ја добив и наградата за најдобар мултибенчер. Златните медали ги посветувам на потесниот круг на семејството, кои се и мојата најголема поддршка, истакна Стаменковски.

Медалите како што додава имаат посебно значење за него, затоа што на ова првенство во Украина учествувале најдобрите бенчери од Европа.

Стаменковски е еден од ретките спортисти во Македонија кој со пауер лифтинг започна да се занимава по 40 година од животот и за неполни 10 години, освои речиси се што можеше да се освои од големите натпреварувања во пауерлифтинг. Има освоено преку 50 медали што го вбројува меѓу најуспешните спортисти во државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*