Прв Интернационален Семинар за фудбалски тренери во Пехчево

Од 27 до 30 јуни 2019, Пехчево ќе биде домаќин на првиот Интернационален семинар за фудбалски тренери во Македонија.Темата на семинарот, како што информираат организаторите од „ИСФЦ Македонија“, ќе биде „Учиме од шпанскиот фудбал“, а меѓу учесниците е најавено присуство на искусниот шпански тренер Фран Алонсо.
 
– Настанот ќе биде фантастична можност да се учи од најдобрите. Главен предавач на семинарот ќе биде Фран Алонсо, тренер кој има 15 – годишно непроценливо фудбалско искуство, од кои шест години како дел од Премиер – лигата. Работеше во Саутемптон и во Евертон, беше прв асистент на Маурисио Покетино, Роналд Куман, Семи Ли и на Сем Алардајс, велат од „ИСФЦ Македонија“.
Меѓу останатите тренерски имиња кои ќе бидат дел од семинарот како што додаваат организаторите се и УЕФА лиценцираните фудбалски тренери Роберто Родригез Санчез, Пабло Доминго, Карлос Касиљас и Пабло Ордоњес.
 
Настанот ќе се одржи во Хотел Гогов, и е прв од ваков вид кој се организира во источна Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*