Во Малешевијата од септември на училиште ќе тргнат 117 првачиња

Од септември во малешевските општини Берово и Пехчево, за прв пат настава ќе посетуваат вкупно 117 првачиња. Според резултатите од првиот уписен рок, како што информираше Наташа Аврамска, директорка на беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“, заедно со подрачните училишта кои работат во состав на училиштето, во Берово своето основно образование ќе го започнат 77 првачиња
 
-Крајниот резултат од уписниот рок е дека вкупно во Берово и сите подрачни училишта кои се во наша надлежност, се запишаа вкупно 77 првачиња. Уште е рано да се каже колку паралелки ќе бидат формирани, бидејки ќе ја чекаме конечната одлука на Советот на општина Берово. Да спомнам и тоа дека изминатата учебна година, по основ на завршено основно образование, училиштето го напуштија изнесува 91 ученик, рече Аврамска.
Во текот на изминатата учебна година, како што додава Аврамска, заедно со подрачните училишта, настава во Берово следеле 712 ученици.
 
Основно образование во Пехчево во текот на изминатата учебна година завршиле 40 ученици, бројка која, како што директорката на деветолетката „Ванчо Китанов“, Добрила Јовевска ,е слична со  бројот на првачиња кои од септември ќе тргнат на училиште.
 
-Оваа година според резултатите од уписниот рок имаме регистрирано 40 првачиња. Оваа година настава следеа 305 ученици додека 40 деветооделенци ја напуштија нашата установа, вели Јовевска.
 
Во двете малешевски општини, во изминатата учебна година, настава следеле вкупно 1017 основци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*