Презентирана работната верзија на Стратегијата за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево

Преку заедничка стратегија, општините Делчево, Берово и Пехчево ќе ги рушат стереотипите за родовата еднаквост помеѓу мажите и жените. Според Бети Толевска од невладината „КХАМ“, во рамки на оваа стратегија, треба најпрвин да се подигне свеста на населението за јазот кој постои меѓу двата пола, а потоа тој јаз да биде и избалансиран.
 
-Стереотипите се уште постојат не само во нашето општество во многу понапредни општества од нашето, еве на пример во пожарното нема вработено жена, за таа разлика во градинката нема мажи негуватели. Тоа се предрасуди кои во догледно време треба да ги надминеме. Со носењето на стратегијата имаме предвидено 12 проекти со чија реализација, најпрвин би се подигнала свеста најпрвин на населението за јазот кој се јавува помеѓу мажите и жените, а после да пробаме и тој јаз да го избалансираме, изјави Толевска.
На презентацијата на нацрт стратегијата за родова еднаквост, како што информираше Сузана Петровска од ЕЛС Делчево, беше презентиран и акциониот план за родова рамноправност кој се однесува за општина Делчево.
 
– Акциониот план беше претставен пред претставници од локалните институции од општина Делчево, кои се главни носители на активностите кои што сме ги вметнале во стратегијата и во акциониот план. Се надеваме дека Советот на општина Делчево ќе ги усвои овие документи и по стапувањето во сила ќе можат сите институции и невладини организации од општината да ги користат, истакна Петровска.
 
Стратешките документи се изработени во рамките на проектот„Со стратегија и акциски планови до еднакви можности на жените и мажите во Делчево, Берово и Пехчево“ кој е имплементиран од НВО КХАМ , а поддржан од Фондацијата „Квина тил Квина“

Презентирана нацрт стратегијата за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево

Презентирана нацрт стратегијата за родова еднаквост за општините Делчево, Берово и Пехчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, June 28, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*