Во завршна фаза е асфалтирањето на патниот правец од Делчево до Пехчево во должина од 10 километри.
За општината реализирањето на овој инфраструктурен зафат е од огромно значење, бидејки наскоро во голема мера ќе биде подобрена патната инфраструктура со Делчево и околните места. Тоа како што велат од општината ќе значи и прилив на туристи особено од соседна Бугарија.
Средствата во висина од 3,5 милиони евра за реконструкцијата на овој патен правец се обезбедени како дел од пакетот проекти на Министерството за транспорт и врски кои се реализираат со поддршка на Светска банка.
Во Пехчево се „рехабилитира“ дел од патната мрежа
Posted by delcevo365.mk on Friday, June 28, 2019
Leave a Reply