Започна санацијата на одроните кај село Истибања

Откако вчера карпест рид се сруши и го блокираше сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево, во тек се активности за санирање на критичната точка кај село Истибања. Во санација на теренот учествуваат екипи на претпријатието „Македонија пат“, како и и противпожарни единици, кои теренот, целосно го чистат од останатите ситни одрони. Од „Македонија пат“ уште еднаш напоменуваат дека поради санацијата на теренот патниот правец Истибања – Брана Калиманци, ќе биде затворен за сообраќај и во наредните неколку дена.
– Патниот правец село Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории на возила, а сообраќајот и понатаму ќе ќе се одвива по алтернативни патишта. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива прeку патниот правец Виница – Бигла – Делчево, додека за тешки моторни возила од сите категории, ќе се користи правецот Виница – село Смојмирово – Делчево, велат од ,,Македонија пат”.
 
Моментално, преку скенирање на критичниот дел продолжуваат темелните испитувања и мерења на клизиштето, по што ќе се пристапи кон целосна санација на критичната точка.
 
Со ваквиот пристап кон решавање на овој проблем и со трајното решавање на оваа критична точка од овој патен правец во иднина надлежните очекуваат овозможување на поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*