Заврши првата фестивалска вечер во Пехчево

Над 3000 посетители синоќа присуствуваа на градскиот плоштад во Пехчево, во рамки на првата вечер на Фестивалот на Дувачки оркестри кој донесе квалитетна музика, претставена од неколкуте Дувачки оркестри кои ја отворија програмата, а потоа свој настап имаше и миленикот на младите Влатко Лозаноски.

Настанот го отвори градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, кој истакна задоволство што и годинава со поддршка на спонозорите се организира 9 издание на овој ренормиран фестивал.

Гостите кои синоќа ги имаше како од Пехчево, така од соседните градови и соседна Република Бугарија, изразија задоволство што можеа да го видат својот миленик Лозано.

-Ние сме група млади од Делчево, Пехчево ни е сосем близу и затоа решивме вечерва да го проследиме концертот на Влатко Лозаноски. Навистина е многу убаво, плоштадот е преполн, уживаме во музиката и ќе останеме до самиот крај на фестивалот, истакнаа посетители пд соседното Делчево.
Освен Влатко Лозаноски, во рамки на синоќешната програма настапија и дувачките оркестри Ќоровци, Сенад Бенд и Џафер Бенд, како и скопските рокери Purple Zeppelin. Вториот фестивалски ден продолжува со традиционалниот Етно-саем Пехчевски Павловден, како и целодневна програма со традиционалните етно групи од земјава и странство.
Главното збиднување е вечерва кога на бината ќе настапат дувачките оркестри Уска Кан, Џипси Тајфа, како и екс-ју звездата Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би био бјело дугме“.Фестивалот ќе го затворат љубителите на пехчевската публика Brass Brothers.
Видео од синоќешниот настан во продолжение

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*