Во М.Каменица одржан првиот бизнис-форум со иселениците и стопанствениците

Македонска Каменица денес беше домаќин на првиот бизнис-форум со иселениците и стопанствениците кој се организира како дел од настанот „Ден на дијаспората 2019 “. Настанот кој го организираше општина Македонска Каменица го отвори градоначалничката Соња Стаменкова, која во изјава за медиумите истакна дека целта на ваквиот настан е да се презентираат потенцијалите за развој на општина Македонска Каменица.
 
-Заради тоа што досега немаше проативност од дијаспората, идејата за да се формира ваков бизнис-форум ја остваривме денеска. Се надвеам дека поттикнавме кај иселениците интерес за да почнат да размислуваат на темата да ги користат средтсвата кои ги нуди Владата и поволностите кои што ги нуди општината во смисла на индустриска зона, на инфраструктурни решенија, да размислуваат да инвестираат овде, истакна Стаменкова.
За неколку месеци, како што додаде Стаменкова ќе следи возвратна посета на иселениците од дијаспората со што овие теми кои се начнаа на првиот бизнис форум ќе бидат заокружени.
 
На настанот присуствуваа претставници од Владата задолжени за создавање поволна бизнис клима и привлекување на инвестиции. Претставникот на Фондот за иновации и технолошки развој Бранислав Марковски апелираше поголем број субјекти да се вклучат во новите мерки кои се на располагање до крајот на годината.
 
-За жал многу малку корисници на нашите мерки има од Македонска Каменица и затоа бизнис-форумот е одлична можност пред иселениците да ги презентираме инструментите и можностите кои ги нуди Фондот за иновации, имаше голема заинтересираност и се надеваме во скоро време ќе моѓат да аплицираат на повикот за новоосновање на нови старт-ап компании, истакна Марковски.
За иселеникот Драган Цонев кој е долги години во Холандија ја поздрави идејата за овој настан.
 
-Повеќето од нас не се можност овде да инвестираат, но во разговор со градоначалничката разговаравме за идејата како да го обновиме нашето училиште на Македонски јазик во Холандија. Работиме на случајот па се надеваме тоа што поскоро да се случи, истакна Цонев.
По завршувањето на првиот бизнис-форум во Македонска Каменица присутните се упатија на манастирско-туристичкиот комлекс Еленец каде се одржува традиционалната иселеничка средба.
Видеа со изјави и на други соговорници од денешниот прв бизнис-форум во Македонска Каменица во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*