ОЈУДГ „Весели Цветови“ ги обновува договорите со корисниците на своите услуги

Во тек се последните подготовки за реконструкцијата на кујната во Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови“ и санација на јаслениот дел во делот на подната површина. Тековно како што информира директорката Билјана Симовска, во тек е чистење на сите простории, по што како завршен дел ќе следи ДДР (дезинфекција, дезинсекција и дератизација).

-Она што во моментот е во тек е обновувањето на договорите за веќе постоечките корисници на услуги на детската градинка, активност која ќе трае до 15 август. За да се продолжи договорот треба да бидат измирени сите сметки заклучно со месец јули 2019 година, информира Симовска.

Дополни, дека оваа воспитна година во градинката ќе можат да се згрижат 65 дечиња.

-Што се однесува до приемот на нови дечиња, оваа воспитна година ќе можеме да примиме 65 дечиња  распоредени во сите возрасни групи, меѓу кои и 15 ромски деца вклучени во проектот за социјална инклузија на дечиња роми. Моментално на листата на чекање имаме 143 деца, а бројот континуирано расте. родителите на примените деца благовремено ќе бидат известени после 25 август, дополни Симовска.

Од оваа година согласно препораките на министерствата за здравство и труд и социјална политика децата кои немаат примено вакцина против морбили нема да бидат примени во градинка.

Градинката е место каде што започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Токму затоа, ние продолжуваме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование, додаваат од „Весели Цветови“.

Инаку летово градинката работеше и на разубавување на дел од фасадата за што се погрижи ликовниот уметник Пепи Атанасов.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*