Во тек акција за гаснење на пожар во Шејтанско Маало во село Бигла

Во тек е акција за гаснење пожар, кој денес попладне избувна во делечвското село Бигла. Мештаните кои го пријавија пожарот во Тертиторијалната противпожарна единица во Делчево, велат дека се работи за подметнат пожар, бидејки во исто време на четири места се забележани траги од намерно палење на оган.
 
-Пожарот избувна некаде околу 16 часот и 30 минути во месноста Шејтанско маало во село Бигла. Случајот веднаш го пријавивме во протипожарната единица, бидејки постои опасност истиот да се приближи до куќите. Дел од мештаните се приклучивме во акцијата за гаснење, а за кратко време пристигна едно возило од противпожарната единица од Делчево. Сметаме дека пожарот е намерно подметнат, но за тоа оставаме да истражат надлежните, информира Кирчо Мирчевски, жител на село Бигла.
Мирчевски апелира до останатото население, активно да се вклучи во гаснењето, бидејки со секоја измината минута, пожарот се шири.
 
Гаснењето засега се одвива со едно возило и неколку пожарникари од делчевската противпожарна единица, а за пожарот е известена е и противпожарната единица од Виница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*