Во Делчево презентиран Оперативниот план за зголемување на вработливоста

Денес пред стопанствениците од општина Делчево беше претставен Оперативниот план на Агенцијата за вработување на Република Македонија, средба на која беа презентирани активните мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.
 
Пред присутните, директорката на АВРМ, Билјана Јовановска истакна дека во насока на зголемување на вработеноста согласно Оперативниот план за 2019 година се издвоени 1,1 милијарда денари, што е двојно повеќе споредено со 2016 година.
 
-Агенцијата за вработување се става во улога на вистински сервис во служба на граѓаните и работодавачи. Во таа насока со цел зголемување на вработеноста и поддршка за отворање на нови работни места, АВРМ и оваа година успешно го реализира Оперативниот план на Владата. Интересот за користење на буџетските средства наменет за овој оперативен план од 1,1 милјарда денари е голем и од страна на работодавачите како на територијата на цела држава, така и на подрачјето на Општина Делчево, истакна Јовановска.
Додава дека акцент годинава се става на преквалификацијата и доквалифиикација, односно обуките за побаруваните занимања и занаети, согласно потребите на пазарот на трудот.
Како што истакнаа од АВРМ, ваквите средби со цел презентација на активните мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година ќе продолжи и во останатите општини.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*