Поетесата Габриела Костадинова наградена на Меѓународниот поетски настан „Месопотамија 2019“

Поетесата Габриела Костадинова освои специјална награда на Меѓународната поетска манифестација „Месопотамија 2019“ која се одржа во Белград. Учествувајки како специјален гостин на настанот, како што информира пехчевската поетеса, од страна на организаторот била наградена со медал „Месопотамија 2019“.
 
-На 24 август во Белград, Р.Србија се одржа престижната Меѓународна поетска манифестација на која беше промовиран зборникот на поезија со творби на поети на поголем број земји од светот. Учествуваа поети од бивша Југославија, потоа поети од Романија, Австрија, Канада, Франција, Австралија, Ирак, Сирија, Јордан, Египет и други земји. Меѓу нив како претставник на нашата држава учествував и јас, при што организаторот за учеството ми додели специјален медал за учество на „Месопотамија 2019“, информира Костадинова.
Песната „Патник во ноќта“, како што дополни авторката од Пехчево ќе биде застапена во заедничкиот зборник во кој се содржани и песните на останатите автори учесници на настанот.
 
Освен оваа награда, претходно Костадинова како учесник на Меѓународните манифестации за литература, уметност и култура „Планетопија 2019“ во организација на „Еуро Арт“ ја доби наградата за најдобар расказ и есеј за „Спомените болат“ и прва награда за поетската творба „Крикот на тишината“. Како дел од своето творештво Костадинова ги има напишано делата „Црвената боја на љубовта“ како и новелата „Сага за Полина“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*