Во Делчево се одржува кошаркарски камп „Клубски Патриот“

Во организација на кошаркарскиот клуб „Клубски Патриот“, во Делчево по јубилеен 25-ти пат се одржува кошаркарскиот камп „Делчево 2019“. На кампот учествуваат млади кошаркари и кошаркарки во неколку возрасти, за чии тренинзи, како што истакна тренерот Љупчо Петровски-Клубски, се задолжени еминентни кошаркарски имиња од нашата држава.
 
-Со тренинзите овие два дена раководи Марјан Шарковски, тренер на УСК „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш, додека во вторник го очекуваме нашиот прославен кошаркар и директор на сите селекции во кошаркарска федерација на Македонија Тодор Гечевски. Оваа година е јубилејна 25-та година како постои кампот, програмата досега успешно се реализира, кошаркарите напорно работат. За мене како тренер убаво е да се работи со млади деца, вљубеници во кошаркарката за кои кампот значи и подговотки за наредната сезона, истакна Петровски.
Ана Ангеловска, македонската репрезентативка до 14 години која долги години е член на екипата од Делчево пораа дека напорните тренинзи на ваквите настани се клуч до успехот.
 
-Треба да се тренира, бидејки напорната работа секогаш се исплаќа и преку неа се доаѓа до успех. Јас како дел од „Клубски Патриот“, сум дел од репрезентацијата до 14 години и неодамна се вратив од меѓународен турнир во Словенија во А-Дивизија, каде одигравме неколку средби со репрезентациите на Украина, Унгарија, Бугарија, Словенија и други држави, истакна Ангеловска.
Екипата на „Клубски Патриот“, минатата година се пласираше на 4 место во младинска конкуренција, а оваа година како што најавува тренерот Петровски, екипата повторно ќе настапи во првата лига во женска кошарка, каде носители на играта ќе бидат токму репрезентативката Ангелова, како и помлади кошаркарки од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*