Во тек итна интервенција на делчевската депонија!!!

Чадот кој во моментот изразито е присутен во воздухот во Делчево е резултат на запалени гуми на градската депонија, каде во моментот во тек е интервенција за нејзино целосно гаснење. Овие информации штотуку ни беа соопштени од страна на менаџментот на ЈПКД „Бреглница“, од каде дополнија дека во моментот се работи на покривање на опожарениот дел на депонијата со земја и песок.

-Во текот на денот и во моментот се работи на покривање на опожарениот дел од депонијата со земја и песок. Наши екипи остануваат на терен вечерва и утре се до целосно покривање со земја и песок на депонијата. Во погон се ставени возила од типот на ровокопач, ТГ, булдожер и камион со чија работа очекуваме ефикасно да се делува во насока на гаснење на депонијата, информираа од ЈПКД „Брегалница“.

Градската депонија во Делчево во моментот!!!

Posted by delcevo365.mk on Friday, August 30, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*